Ѓорѓиевски: Куманово е најзагадена општина во Македонија

Со неконтролираниот урбан хаос што се направи наназад 27 години во Куманово, Куманово стана најзагадена општина во Македонија. Сведоци сме дека она зелено Куманово кое го паметиме, го нема, туку имаме Куманово на асфалт, бетон, згради, тротоари. Во нашата програма имаме предвидено зелено Куманово со отворање на нови паркови, вели Зоран Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на јавниот сервис.

-Нов парк во локалитет Проевце, раззеленување на сите површини во просторот меѓу урбаните средини. Засадување на дрвореди по сите тротоари во градот, филтрирањето на воздухот да го доведеме на едно повисоко ниво. Планираме правење на комунална зелена вода, тоа значи технолошка вода со која и постојните парковни површини ќе ги одржуваме, додава Ѓорѓиевски.

Покрај овие проекти, Ѓорѓиевски најавува поголема хигиена во градот и поголема ажурност на јавните претпријатија во градот.