Ѓорѓиевски: МВР стана дувло за собирање изнуда, поткуп и заштита на криминалот

Доколку некој бил член на таканаречената Шарена револуција, тој може да рекетира и да собира поткуп и лихва и за него да нема притвор. Доколку некој е десна рака на Министерот за внатрешни работи и човек од доверба на СДСМ, тогаш тој може да оддава државни тајни, да изнесува податоци од истраги за лична и партиска корист и повторно, нема да има притвор, обвини во неделата Орце Ѓорѓиевсски, член на Изввршниот комитет на опозизиската ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквата констатација на опозиционерот доаѓа особен по обелоденувањето на скандалот од пред неколку дена кога беше приведен висок советник во кабинетот на миистерота за внатрешни работи, кој е осомничен поради оддравање државна тајна и известување на лице кое е под надзор на истрага, но сепак не му беше одредена мерка притвор.

„За жал, ова е правдата во Македонија денес. Селективност и двојни аршини. За политички неистомисленици се изрекуваат притвори доколку намигнале или се прегрнале со некого, а за корумпираните полициски функционери кои злоупотребуваат истраги се изрекуваат мерки со кои се внимава да не се разлутат нивните шефови“, констатираше Ѓорѓуевски.

Оцени дека вчерашната „бледа“ прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски отворила повеќе прашања, отколку што затвори. Побара, исто така, „катастрофата што се случува во МВР“ дека  мора да биде расчистена докрај.

„Доколку се тргне од претпоставка дека Оливер Спасовски делумно ја говорел вистината, првото прашање што се поставува е како неговиот советник за криминалистички работи имал увид во оперативните информации од отворените истраги? Кој му овозможил увид во тие информации? Како корумпираниот соработник на Спасовски знаел кон кого се применуваат посебни истражни мерки? Дали овие информации му ги давал неговиот претпоставен Оливер Спасовски и со која цел? Дали евентуално информациите ги знаел затоа што однапред, во тесен круг, политички се нарачувале истрагите и мерките?“, запраша функционерот на опозицијата

Ѓорѓиевски, притоа, јавно посочи дека јавноста мора да биде запознаена за  уште колку класифицирани информации од истраги знае најблискиот соработник на Оливер Спасовски, за уште  колку лица знае дека се наоѓаат под посебни истражни мерки.

„Дали не му е изречен притвор затоа што треба да ја заврши целата операција под водство на Оливер Спасовски?“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека одговорност мора да има „ затоа што корупцијата и политичката злоупотреба“ на МВР ја доведуваат во прашање безбедноста на граѓаните и земјата.

Министерството за внатрешни работи, продолжи Ѓорѓиевски, наместо да се бори со криминалот и корупцијата, стана дувло кое служи за собирање изнуда, поткуп и заштита на криминалот.

„Вината за нападите врз полициските службеници се префрла врз ‘пајаците’, а најблиските соработници на министерот Оливер Спасовски собираат поткуп по целата држава. Приведениот е човек од доверба на СДСМ, кој беше едно од 15-те кадровските решенија согласно договорот од Пржино кои тогашната опозиција инсистираше да бидат поставени на функции во МВР“, потсети.