Народната поговорка вели „кој лаже, тој и краде”, а тој што е фатен дека краде станува насилен, изјави на прес-конференција членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
Кажа дека на површина излегува насилничкото и арогантно однесување на владата предводена од СДСМ. Тоа е резултат на нивната нервоза. Со тоа сакаат да ги покријат своите сомнителни бизниси, катастрофални политики и целосната своја неспособност.
„Последен и еклатантен пример за тоа е однесувањето на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тој се обиде со закани да го замолкне претставникот на Транспаренси Интернешнл во врска со наводите за сомнителната стечајна постапка која се води за комбинатот ФЕНИ, а за која тој е одговорен. Заради тоа тој упатил порака повикувајќи се на својот политички и општествен статус“, рече Ѓоргиевски.
Посочи дека истиот тој Кочо Анѓушев се дрзнал да се заканува и на новинар затоа што правел сторија , повторно за случајот ФЕНИ.
„Дали на Кочо Анѓушев му пречи да се зборува околу Фени заради поврзаноста на неговите фирми кои чекаат да си го наплатат долгот или пак проблем е тоа што стечајниот управник е донатор на СДСМ? Дали истиот овој стечаен управник не е инволвиран и во Југохром каде што повторно Анѓушев, односно негови фирми се доверители, а фигурира истиот стечаен управник? Дали некој си ја ишка мувата од капата заради тоа што е фатен со рацете во медот?“, праша Ѓорѓиевски
Оцени дека стануа збор за сериозна цензура на медиумите и на јавноста од политичари од власта кои јавно и бесрамно се закануваат кога некој ја критикува нивната работа. Ова е политичко насилство кое го вршат врз нашето општество и врз нашиот народот, според него.
„Очигледно е дека стравот од вистината ги принудува на вакви нервозни реакции. Ние подолг период наназад говориме за скандалите кои се врзуваат секојдневно за владата на СДСМ, Анѓушев и Заев, а ваквото однесување е само потврда дека сме во право“, изјави Ѓорѓиевски.
Од името на партијата остро го осуди ваквото недемократско и гангстерско однесување на -првенците на власта.
„Може да заплашуваат но нема да ја исплашат јавноста да говори за нивните скандали и криминали. Ги охрабруваме сите општествени чинители внимателно и одблиску да ја следат ова неодговорна и неспособна Влада и аферите кои и тоа како се врзуваат за нејзиното работење. Тоа ќе придонесе да се разголи секој нејзин криминал кој го прават на грбот на овој народ и на сметка на Буџетот на Република Македонија“, изјави Ѓорѓиевски.