Поранешниот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, ги отфрла обвинувањата за даночно затајување во периодот додека раководел со куќата на фудбалот. Откако утрово беше обелоденето дека ќе биде покрената кривична пријава против него и ФФМ, Ѓорѓиоски испрати своја реакција до редакцијата на Курир.
Во продолжение интегрално Ви ја пренесуваме реакцијата на Ѓорѓиоски:
По однос на тоа дека против мене е поднесена најава за кривична пријава за наводно даночно затајување, чуствувам потреба да Ве известам дека, во моето работење како Претседател на ФФМ секогаш сум работел чесно, посветено и совесно, почитувајќи ги сите законски прописи. Во насока на ова одат и бројните позитивни наоди и записници за даночното работење од страна на УЈП за целиот овој период, каде нигде во делот на даночното работење на ФФМ не е утврден ниту прекршок а камо ли криминал.
По однос на Тобако во стечај, колку што се сеќавам, ФФМ имаше побарување, кое по судски пат го доби за потоа истото побарување да го предаде за наплата на извршител. По ова се отвори стечај над Тобако, каде ФФМ го пријави ова побарување и истото од страна на надлежен орган беше прифатено и утврдено како основано. Тоа е што јас знам и знам дека како одговорно лице на правно лице сум постапил во целост како налагаат моите обврски. По однос на Југохром, истакнувам дека тоа беше затечен договор од 2010, каде ниту Југохром ниту ФФМ ги немаше исполнето своите меѓусебни обврски во целост, па затоа и беше направен нов договор со кој се утврдија меѓусебните права и обврски помеѓу ФФМ и Југохром.
По ова беше утврден износ кој Југохром му го должи на ФФМ согласно извршените обврски од договорот, за потоа од друго правно лице кое беше гарант на Југохром, да се плати долгот. Тоа е она што го знам и за што се сеќавам, но како и да е, не станува збор за никакво даночно затајување