![boris trajkovski deponija gori](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/boris-trajkovski-deponija-gori.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Повторно гори депонијата зад кејот на реката Вардар Скопје, во близина на салата „Борис Трајковски“. Гори шут и отпад, а зафатено е и зеленилото и дрвјата наоколу.
Пожарникарите од Скопската бригада ни рекоа дека пожарот не може да се изгаси лесно оти има голема количина шут и отпад и потребна им е и градежна механизација.
Непријатна миризба се чувствува низ цела Општина Карпош.
Депонијата кај салата „Борис Трајковски“ беше запалена во април 2019, а од март годинава почнаа градежните работи за изградба на парк на на површина од 60.000 метри квадратни. Покрај зеленило и дрвја, ќе биде изведена и ботаничка градина, како и содржини за спорт и рекреација.