Куманово со години се дави во дивите депонии, додека локалната власт мува не ја лази. Среде големиот топлотен бран што ја зафати Македонија гори депонија во центарот на Куманово, што е потенцијален извор на зарази.
-Повторно запалена дивата депонија во населбата Перо Чичо… Ѓраѓаните на оваа населба со право се револтирани. Со години општинската власт не презема ништо за трајно решавање на овој проблем, кој веќе прераснува во еколошка катастрофа! Вака ли СДСМ мисли дека ќе влеземе во ЕУ!??? Ги повикувам надлежните конечно да почнат нешто да работат и да преземат мерки за расчистување на депонијата, како и мерки за превенирање диви депонии да никнуваат насегаде по општина Куманово!