Гори дивата депонија во Кичево

Пожар ја зафати дивата депонија во Кичево, која што е направена од страна на Општината и ЈП Комуналец – Кичево, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски во објава на својот Фејсбук профил.

„Еколошка катастрофа во Кичево, веќе подолг период општината и комуналното претпријатие одложуваат отпад во центарот на градот. Смрдеа, глодари, неподносливо станува да се живее. Денес кулминира со пожар кој ја зафати оваа дива депонија направена од страна на општината. Мора да има одговорност за загрозувањето на животот на граѓаните на оваа наша прекрасна општина. Иако како ВМРО-ДПМНЕ апелиравме и пријавуваме денес се случува невиден хаос. Ги повикувам надлежните институциите да постапат веднаш“.