Голема акција на пожарникарите во Минхен на католички Бадник – во старскиот дом „Винсентинум“.
Во близина на англиската градина, моментално горат горниот кат и камбанаријата на домот за стари лица, а делови од зградата се урнати.
Пожарникарите евакуираат дом за стари лица во Минхен, пренесува Билд. Засега се знае дека има седуммина повредени.
Облак чад е видлив низ главниот град на Баварија.
Домот за стари лица „Винсентинум“ се наоѓа на една од најдобрите локации во главниот град на Баварија.