Гори напуштена куќа кај хотел близу Ист гејт | ВИДЕО

Пожар утринава избувнал во напуштена куќа позади хотел во близина на Трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје.

На терен се две противпожарни возила и шестмина пожарникари кои интервенираат на гасење на пожарот.

Дел од медиумите објавија дека пожарот се случил во хотел „Вип“ во близина на Трговскиот центар „Ист гејт“, но командирот на скопската противпожарна бригада вели дека не гори хотелот, туку напуштена куќа позади него.

„Пожарот е во напуштена куќа позади хотелот. Пожарникарите сè уште интервенираат“, изјави Томески.

Засега нема информации за повредени лица, а најверојатно причинета е само материјална штета.

Пријавата за пожарот била добиена во скопската противпожарна бригада утринава околу 8 часот.