Гори нискостеблеста шума меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште во општина Чашка

Пожарот вчера горел на непристапен терен, а од утрово е проширен и од пет часот во неговото гаснење била вклучена екипа од Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес, а од седум часот им се приклучила уште друга екипа, велат РЦУК Велес.

Нискостеблеста деградирана шума гори меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште во општина Чашка. Пожарот, како што информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи од Велес, е пријавен вчера во 17:50 часот.

Според информациите од РЦУК Велес, пожарот вчера горел на непристапен терен, а од утрово е проширен и од пет часот во неговото гаснење била вклучена екипа од Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес, а од седум часот им се приклучила уште друга екипа.