Гори покрив во Бардовци

Противпожарни возила и брза помош се на лице место во скопската населба Бардовци, каде што  во моментов има пожар.

Командантот Благоја Менковски од Територијалната противпожарна единица на Градот Скопје за „Република“ вели дека се работи за покривна конструкција и дека се испратени четири противпожарни возила.

Екипите се на терен, а детали за повредени лица се уште нема.