Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 % во однос на одлуката од 26.12.2022 година.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,062 ден/кг и изнесува 40,655 ден/кг.
Ова ќе бидат цените на горивата од полноќ:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,655 (денари/килограм)