Горивата поскапуваат за 0,50 денари

Од ноќеска на полноќ ќе плаќаме поскапи горива за 0,50 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Во однос на цените утврдени со Одлуката од 29.07.2019 година, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 69,50 денари за еден литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе бииде 71,50 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари за литар во однос на цените утврдени со Одлуката од 29.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,163 денари за килограм во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 35,343 денари за еден килограм.