Горниот дом на британскиот Парламент во 2023-та купил близу 1.600 шишиња шампањ

Горниот дом на британскиот Парламент минатата 2023 година потрошил речиси 90.000 фунти, односно близу 104.000 евра, на 1.589 шишиња шампањ, објави во вторникот весникот The Guardian, но додава дека повеќето од нив им се продадени на посетителите, како и дека со тоа не е направен трошок за даночните обврзници.

Поединостите за продажбата на шампањот за Домот на лордовите по цена од 56 фунти за шише ги добила Шкотската национална партија (SNP) откако се повикала на правото на пристап до информациите.

Вкупната цена од околу 88.900 фунти е маклку повисока од онаа платена претходната 2022 година, кога за пенливиот пијалак биле потрошени 85.400 фунти за девет шишиња помалку отколку во 2023 година.

„Парламентот, во кој неизбраните лордови земаат 342 фунти (околу 394 евра) дневно само за да се појават, не е способен на вистински начин да го претставуа народот“, изјави Томи Шепард, пратеник на SNP од изборната единици Источен Единбург.

Бројот на членовите, кои имаат доживотен мандат, на Домот на лордовите не е ограничен, и во него моментално има 800 членови. Формално, тоа е горниот дом на британскиот Парламент, но нема овластувања да ги отфрла предлог-законите доколку тие бидат одобрени во Долниот дом. Но истовремено, неговите членови можат значителнио да го одложат усвојувањето на некој закон, па дури и да ги убедуваат пратеници во Долниот дом да го ревидираат односниот документ.

За разлика од избраните членови на Долниот дом, членовите на Домот на лордовите (или уште и Претставнички дом) се именуваат од британскиот монарх по препорака на премирот. Постои и релативно мала група наследни лордови.

„Гласачите ќе бидат гневни кога ќе слушнат дека, додека тие се бореле да ги урамнотежат финансиите во своите домаќинства и да ги платат основните нешта како намирниците и енергијата, неизбраните лордови си точеле шампањ“, критикуваше Шепард истакнувајќи дека изминатата година беше одбележана со кризата на трошоците за живот која довеле до пад на животниот стандард и многу британски домаќинства ги турнала во сиромаштија.

Портпаролот на Домот на лордовите, пак, објави дека сиот купен алкохол, вклучително и шампањот, им е продаден на посетителите на оваа институција, како и дека тоа донело приходи, за кои не прецизираше колкави се и за што се наменети, и оти нема трошоци за британските даночни обврзници.