Вчера околу 20 часот во с.Злетово-Пробиштип во УО„Злетовски бисер“, дошло до расправија помеѓу Д.М.(1985) и З.П.(1984), кои биле гости во објектот и Д.А. вработен како угостител, по што двајцата се нафрлиле врз него и почнале да го удираат со тупаници во пределот на главата и телото.
Потоа, почнале да кршат чаши и шишиња, искршиле три маси и шест столови, а оштетиле и две лизгачки врати во објектот, со што предизвикале страв и загрозување на сигурноста кај останатите посетители во објектот.Од страна на УПС од ПС-Пробиштип, двајцата се приведени и задржани и против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.