Турски готвач кој е познат на социјалните мрежи како „Salt Bae“ отвори ресторан во Лондон, луѓе шокирани од цените!
Нусрет Гокче, попознат како „Salt Bae“, е турски месар и готвач кој стана популарен, верувале или не, само поради начинот на кој го зачини месото. Откако ќе го исече стекот, го посолува свиткајќи ја раката во лактот, па солта паѓа по целата подлактица, па се до месото. И тоа движење му донесе слава и милиони, па сега има се повеќе светски градови каде Нусрет ги отвора своите ресторани. Во моментов ги има 17, а неодамна беше отворен еден во Лондон, каде што гостите беа шокирани од цените. Имено, еден човек на својот Twitter профил по вечерата во овој рестора ја спореди сметката која изнесува 1.812 фунти, што е околу 129.000 денари, а 236 фунти, или повеќе од 17.000 денари, им се наплатувало на гостите само за бакшиш.
Осум гости на масата платиле таков есап, а луѓето беа крајно изненадени од цената на Кока-Кола, која чини девет фунти, односно 640 денари, како и фактот дека за четири Ред Бул пијалака им биле наплатени 44 фунти (речиси 3.100 денари).