Гостинска победа на Монако во дербито со Рен

Во првиот натпревар од 32-то коло на француското фудбалско првенство, Монако како гостин го совлада Рене со 3:2 (1:0).

Домашните поведоа уште во 3 минута со голот на Флавиен Те, но во 12 минута израмни Вандерсон. Гостите во израмнетата игра, според вистинските шанси за погодок, сепак во вториот дел успеаја да дојдат до сигурна предност која ја зачуваа до крајот.

Целосниот резултатски пресврт во полза на тимот од Кнежевството ги направи Висам Бен Једер во 57 минута, а водството го удвои во 77 минута Мирон Боаду. Рен до крајот успеа само да го ублажи поразот преку Мартен Терие кој реализираше пенал во третата минута од судиското продолжение на мечот.

Со оваа победа Монако скокна на четвртото место на табелата со 53 бодови, три помалку од третопласираниот Рен. Нивните позиции ги загрозуваат петтиот Стразбур кој има 52 и шестопласираната Ница со 51 бод. На врвот е ПСЖ со 71 бод, дури 12 повеќе од вториот Олимпик Марсеј.