Гостински канонади на Аталанта и Сасуоло

Во 21-то коло од италијанското фудбалско првенство во неделата Аталанта со 6:2 го торпедираше на гости Удинезе, а Сасуоло на гостувањето кај Емполи беше исто така убедлив со 5:1.

Натпреварот во Удине беше решен уште во првите 45 минути по кои Аталанта веќе имаше водство од 3:0. Во 17 минута Марио Пашалиќ натскока во домшаниот шеснаесетник двајца противнички играчи и со глава ги донесе во водство тимот од Бергамо. Потоа до полувремето стрелци беа и Луис Фернандо Муриел Фруито во 22 минута и Руслан Малиновски во 43 минута.

И во продолжението головите ги постигнуваа гостинските играчи. Во 59 година намали со автогол Верта Џамшити а за домашјните погоди и Бето во 88 минута, а за Аталанта погодија уште Муриел во 76, Јуаким Мехле во 89 и Матео Песина во втората минута од судиското продолжение.

Аталанта со оваа победа ја продолжи одличната гостинска форма во Серија А, ова беше деветта победа покрај двете ремија на гостински терен.

Аталанта сега се задржа на четврттата позиција со 41 бод од 20 натпревари пет односно седум зад миланскиот тандем Милан со 21 и Интер со 19 натпревари. Удинезе, пак, од 19 натпревари собра 20 бодови и е моментално 14-ти.

Наполи по два натпревара без победа на домашен терен ја совлада Сампдорија со 1:0. Единствениот погодок на мечот го постигна Андреа Петања во 43 минута, а македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас беше стартер и го одигра целиот натпревар. Во второто полувреме Наполи создаде мноштво шанси, но на домашните им остана минималната победа за одржување приклучок со водечките.

Наполи од 21 натпревар е третопласиран со 43 бодови, додека Сампдорија од ист број мечеви собра 20 бодови и е на 15-то место.

Во Тоскана, на гости кај Емполи, Сасуоло поведе во 13 минута од пеналот кој го реализираше Доменико Берарди, но веќе во 16 минута израмни Лиам Хендерсон, а новото водство за гостите ги донесе Џакомо Распадори во 24 минута. Домашните во 61 минута остана со играч помалку кога беше исклучен Матија Вити, по што следеа и погодоците на Џанлука Скамака во 67, вториот гол на Распадори во 71 и вториот погодок на Скамака во втората минута од судиското продолжение.

Со оваа победа Сасуоло се израмни со Емполи на деветтото место на табелата, и двата тима од 21 натпревар имаат по 28 бодови.

Во првиот неделен натпревар Милан на гостувањето во Венеција беше сигурен со 3:0. Во 2 минута Златан Ибрахимовиќ ја затресе мрежата на домашните, а во 48 минута водството на гостите го удвои Францизионот Тео Ернандез, а при двата погодока асистираше Рафаел Леао. Во 59 минута Ернандез реализираше пенал за конечните 3:0.

Милан со оваа победа го презема водството во Серија А со 48 бодови од 21 меч, два повеќе од градсиот ривал Интер кој има и два натпревара помалку.