Двата водечки клуба во англиското фудбалско првенство во саботата во седмото коло забележаа гостински победи, Ливерпул против Шефилд со 1:0, а Манчестер Сити кај Евертон со 3:1, со тоа што „Редсите“ и натаму се на чело на табелата со стопроцентен ефект.
Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити во последниот меч од саботата програма долго го кршеше отпорот на Евертон, но на секогаш тешкото гостување освои три важни бода во траката по Ливерпул кој има пет бодови предност.
„Граѓаните“ во првите шест кола од оваа сезона постигнаа 24 погодоци, што е најдобар ефект по 1955 година кога Вулверхемтон во првите шест натпревари постигнал 25 гола.
Одличната голгетерска форма на четата на Пеп Гвардиола продолжи и на ливерпулски „Гудисон Парк“ со три погодоци. Сити поведе во 24 минита со голот на Габриел Жезус на асистенција на Кевин Де Брујне, а Евертон возрвати преку доминиј Калверт-Левун и ремито го одржуваше до 71 минута кога Ријад Марез постигна убав гол од слободен удар, а победата на гостите ја потврди Рахим Стерлинг во 84 минута.
Сити е втор со 16 бодови, четири повеќе од третиот Вест Хем Јунајтед, додека Евертон нанижа четири порази падна на 15-то место со седум бодови.
Ливерпул во првиот саботен меч го победи домашниот Шефилд Јунајтед со голот на Георгинио Вијналдум во 70 минута, задржувајќи го стопроцентиот ефект, односно освојувајќи сите 21 бод. Шефилд, пак, по овој пораз остана на осум бодови доволни за 12-то место.
Фудбалерите на Шефилд одиграа многу добро и испуштија да реализираат неколку изгледни можности. Луверпул, пак, до победата дојде со многу среќа и благодарејќи на грешката на голманот Дин Хендерсон. Вијналдум шутираше од врвот на шеснаесетникот, а топката мина низ рацете и нозете на Хендерсон.
Челзи ја оствари првата домашна победа сезонава, над Брајтон енд Хоув Албион со 2:0. Домашните дури во второто полувреме го скршија гостинот, а головите ги постигнаа Жоргињо во 50 минута од пенал и Вилиан во 76 минита. „Сините“ во првото полувреме имаше дури 17 шутеви кон голот на Метју Рајана, но не успеаја тогаш да го пробијат ѕидот на Брајтон.
Челзи моментално е шести на табелата со 11 бодови, а Брајтон е 16-ти со шест бодови.
Тотенхем ги победи Саутемтон со 2:1, иако од 31 минута играше со играч помалку откако беше исклучен Серж Ориер. „Спарси“ поведоа во 24 минута преки Тангуи Н’Домбеле, израмни Даниел Ингс во 29 минута, а победата на домашните им ја донесе Хари Кејн со голот во 43 минута.
Тотенхем е четврти со 11 бодови, колку што има и петтиот Лестер но со меч помалку. Саутемптон со седум бодови е 14-ти.
Борнмут и Вест Хем одиграа без победник 2:2, а двете екипи по еднаш беа во водство. Гостите поведоа уште во 10 минута преку Андриј Јермоленко, но по седум минути израмни Џошуа Кинг, а во 46 минута предноста за домашните ја донесе Калам Вилсон, но поделбата на подовите стаса преко Аарон Кресвел на петнаесет минути пред крајот на мечот.
Борнмут со ремите пропушти можноста да напредува до третото место на табелата, каде е токму Вест Хем сега со 12 бодови, и остана со 11 бодови на седмата позиција.
Со идентичен резултат заврши и дуелот меѓу Астон Вила и Барнли. Домашните водеа двапати со головите на Анвар Ел Гази во 33 и Џон Мејкгин во 79 минуа, а гостите израмнуваа во 68 минута со голот на Џеј Родригез и во 81 минута преку Крис Вуд.
Астон Вила со само пет бодови е во опасната зона, на 18-то место, а Барнли има девет бодови со кои моментално е 10-ти.
Кристал Палас со 2:0 го победи Норич Сити. Стрелци беа Лука Миливојевиќ во 21 минута од пенал, и Андрос Таусенд во втората минута од судиското продолжение.
Крстал Палас е деветти на табелата со 11 бодови, а повратникот Норич е 17-ти со шест бодови.
Мат Доерти во 18 и Дерил Џенмаат кој во 61 минута ја затресе сопствената мрежа му донесоа победа на Вулверхемптон во домашната средба со Вотфорд.
Вулверхемптон е 13-ти со седум бодови, а Вотфорд останува закован на дното од табелата со два бода.
Во недела се сретнуваат Лестер Сити и Њукасл Јунајтед, а колото во понеделник ќе го затвори дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал.