Гостите на свадбата на Ноле ќе седат на златни столици

Првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ, ништо не препуштил на случајноста кога е во прашање неговата венчавка со Јелена Ристиќ.

Нивната свадбена церемонија ќе трае два дена и тоа денеска и утре во Свети Стефан и ќе бисњ во знак на маслиновото дрво, кое симболизира мир, плодност, изобилие, долговечност и сила, пишува спрпски Курир.

Идните младенци за организацијата на венчавката на векот, за која се заинтересирани сите медиуми во светот, прошетале низ неколку агенции за организација на ваков вид на случувања.

„Не беа премногу комплицирани и точно знаеа што сакаат. Инсистираа да имаат златни столици, кои изминативе две години се вистински хит во Холивуд. Такви на својата прва свадба имала и Ким Кардашијан со кошаркарот Крис Хемфрисон. Првата вечер на свадбата ќе биде во знакот на маслиновото гранче бидејќи тоа е симболично божјо дрво. Јелена и Новак заедно со кумовите ќе седат на округла маса низ која ќе поминува маслиново дрво, старо повеќе од 100 години. Сите останати маси за 150 гости ќе бидат декорирани во тој стил, односно покрај цветниот аранжман ќе има и маслиново гранче, плодови и кора од дрвото“, вели еден од блиските пријатели на парот кој е запознаен со деталите на свадбата.

novak-dokovic-jelena-ristic-vencanje-sveti-stefan-1404769489-530353

Тој додава дека вториот ден од свадбата ќе биде во знакот на Холивуд.

„За вториот ден е резервиран за златните столици и маси. Масите ќе бидат аранжирани со бели балдахин цвеќиња со што ќе се добие бајковит изглед. Лицата кои се задолжени за декорација пристигнаа во неделата во Црна Гора и се наоѓаат на скриени локации. Девојките кои ќе ги прават цветните аеанжмани ќе бидат затворени во ладилници во кои има до -20 целзиусови степени. Нив им е кажано дека цвеќето на Свети Стефан ќе се однесе во текот на ноќта кога ќе биде сигурно дека нема да им поминувачи“, додава соговорникот.