Гостивар: Се скарале, направиле сообраќајка, па го претепале

На 04.03.2022 во 15:30 часот во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар се лишени од слобода А.П.(51) и Х.П.(48) двајцата од Гостивар.

Oколу 12:40 часот во Гостивар во близина на бензинска пумпа додека А.П. управувал патничко  моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое бил и Х.П., го удриле со возилото С.А.(56) од с.Дебреше со кого и претходно имале недоразбирање, а потоа излегле од возилото и физички го нападнале.

По настанот С.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мaјка Тереза“ за укажување лекарска помош.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.