Гостиварчани отворија ресторан во Грац

– Многу наши сограѓани си заминаа од радните краеви, и станаа модел за успех насекаде во светот. Мајка Тереза, Ферид Мурат, и многу други оставија свој белег со својата работа, и се надевам дека нивниот пример ќе го следат и  Нагип и Фарук, кои се доста познати со своите кулинарски способности. Денес, сме овде во Грац на свечено пуштање во употреба на овој елитен ресторан, и ова го правиме, веднаш по пуштање во употреба на фабриката за амбалажирана вода Маја во Гари-Дебар, и еден месец по настанот во тетовската слободна индустриска зона, каде што започна со работа една успешна американска компанија “Леар корпорејшен” од САД, изјави министерот Кучи.

Тој додаде дека дијаспората од целиот свет ја имала и ќе ја има поддршката од Министерството за економија и Владата, каде и да се одлучат да инвестираат,  во Македонија или во земјите во кои тие работат.

Градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта изјави дека е горд на успесите кои го обележуваат сограѓаните општина бизнисмени од целиот свет.