
Според неговите податоци сообраќајната несреќа се случила во непосредна близина на наплатната рампа Желино на автопатот Скопје Тетово. При тоа нема повредени во возилото во кое имало уште две лица, а причинетата материјална штета се проценува на 30 илјади денари. По извршениот увид на што присуствувале и претставници од тетовската секција на ЈП Македонија пат, усмртените животни биле предадени на членови од ловечкото друштво „Шар Планина“ од Тетово, рече Јосифоски.