Гостиварец нападнал полицаец во угостителски објект

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против К.А.(25) од с.Градец, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 07.01.2021 во угостителски објект во с.Градец, пријавениот физички нападнал полициски службеник и упатувал закани кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.