Гостиварец Г.Е. (31), е казнет со 500 евра за неовластено приредување огномет на семејна веселба.
Според СВР Тетово, синоќа околу 22 часот тој во дворот на семејната куќа во селото Долна Бањица за време на свадба употребувал пиротехнички средства за што немал одобрение.
Случајот бил пријавен во полициската станица откако делови од пиротехничките средства паднале во соседството, но за среќа не предизвикале штети.