Полицијата во вторникот ноќта го уапсила 48 годишниот С.Б. од Гостива, кој е обвинет за семејно насилство, и физички напад врз сопругата и малолетната ќерка.
Околу 23 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Б. од Гостивар, кој претходно во семејниот дом физички ги нападнал 44-годишната сопруга и нивната малолетна ќерка, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.