Во саботата во 13,30 часот во Полициската станица Гостивар бил задржан 31-годишниот А.А. од Гостивар.
Тој се сомничи дека околу 12:00 часот во фирма во село во мавровско, по претходна расправија, со остар предмет му нанел повреда на неговиот колега Е.З. на 38 години од Гостивар, кој бил пренесен во болницата „Ферид Мурад“ во Гостивар за укажување лекарска помош.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.