Гостиварец бил погоден во стомак од огнено оружје, информираше МВР.
Според полицијата, вчера околу 17.30 часот во Центарот за известување и команда Тетово, од Ургентниот центар Гостивар било пријавено дека кај нив бил донесен А.Ш. (34) од село Корито.
Тој имал повреда од огнено оружје во пределот на десната страна на стомакот. Поради сериозноста на повредите А.Ш. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.