Гостиварка се повредила во обид да му го одземе ножот на сопругот

Во кавга меѓу супружници пред локал во Гостивар претходно месецов, мажот извадил нож а сопругата во обид да му го одземе се здобила со повреди, соопшти во петокот министерството за внатрешни работи.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 40-годишниот И.А. од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 06.01.2020 во 17.00 часот во близина на угостителски објект на улица „ЈНА“ во Гостивар, соопшти денеска МВР, поради нарушени брачни односи и претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал 35-годишната Ф.Н. од Гостивар, која при обид да му го одземе ножот што тој го извадил, се здобила со повреди.