Во Македонската опера и балет, во вторник со почеток од 20 часот, ќе гостува Канадскиот „Les Grands Ballets“, од Монтреал.
Уметнички директор на трупата е Градимир Панков кој е роден во Скопје. После брилијатната кариера како танчер на просторите на поранешна Југославија и Германија успешно ја превзема улогата на уметнички директор во неколку познати театри за танц: Холандскиот танцов театар II (Холандија), Националниот балет од Финска (Хелсинки), Кулберг балетот (Шведска) и Балетот на Големиот театар во Женева (Швајцарија). Во „Les Grands Ballets“, од Монтреал е од 1999 г.
Претставата со која доаѓаат гостите од Канада носи наслов „МИНУС ЕДЕН“ и во нејзе учествуваат повеќе од 25 танчери. Кореограф е Охад Нахарин, а нејзиното дејствие е сублимирано со следните зборови: „Илузија на убавината/тенката линија која го двои лудилото од разумот/паниката скриена зад смеењето/соживотот на заморот и елеганцијата…“ овие зборови ја отвораат „Минус Еден“ на Охад Нахарин, едно од најиновативните дела од репертоарот на Les Grands Ballets Canadiens de Montreal .
Музиката е превземена од: „Mambo Fever“, Cha Cha de Amor (продуцирана и аранжирана од Бред Бенедикт), „Unknown Territory“ од Дик Дејл, „Hava Nagila„, „Ehad Mi Yodea“ (аранжман и изведба од „The Tractor’s Revenge“), „Somewhere over the Rainbow“ од Арлен Харолд (aдаптиција, Маруша), „Fratres“ од Арво Парт.
Аранжирано со Universal Editions Vienna, издадено како Etude Nº3 за маримба од Пол Смадбек. „Greensleeves“ (аранжиражман на Џереми Барло, диригент).