Готвачка во училиште во Ајдахо, САД доби отказ затоа што на 12-годишно дете му дала бесплатен оброк откако девојчето кажало дека нема пари, пренесуваат светските медиуми.
Дален Боуден, која била вработена во училиште во Покатело, Aјдахо вели дека понудила самата да го плати оброкот за девојчето во вредност од 1,70 долари, но нејзиниот менаџер ја одбил понудата.
Жената била суспендирана од работното место, а по состанокот на училишниот одбор добила отказно решение. Таа во моментов правдата ќе ја бара на суд.
Ги прекршив правилата, но понудив да платам за оброкот и не мислам дека требаше да ја загубам работата поради тоа, вели таа.
Приказната на оваа жена привлече внимание на социјалните мрежи и во светските медиуми. Во моментов на интернет е покрената и петиција за нејзина поддршка на која досега се потпишале повеќе од 35.000 лица.