Анализата покажала дека говорот на омраза се удвоил во неделите пред Масковото преземање на Twitter и траел до мај 2023 година.
Новото истражување покажа дека говорот на омраза на социјалната мрежа “X”, е зголемен за 50 проценти во месеците по купувањето на оваа платформа од страна на милијардерот Илон Маск, пишува Euronews.
Студијата на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, која беше објавена во списанието “Public Library of Science”, користела вештачка интелигенција (AI) за наизменично собирање објави на X кои содржеле изрази или фрази поврзани со говорот на омраза на англиски јазик, од аквизицијата на Маск на X (тогаш познат како Twitter) во октомври 2022 година до јуни 2023 година, кога Маск поднесе оставка како CEO.
Истражувачите потоа ги прегледале објавите за да проверуваат дали секоја ги исполнува критериумите и ги отстраниле дупликатите или повторните објави.
Тие исто така собрале „контролна група” објави од јануари 2022 година и натаму за да го споредат количеството омраза на платформата.
Анализата покажала дека говорот на омраза се удвоил во неделите пред Масковото преземање на Twitter и траел до мај 2023 година.
Во текот на овој период, бројот на лајкови на објавите кои користеле специфични хомофобни, трансфобни и расистички навреди пораснал за 70 проценти, што сугерира дека поголем број корисници биле изложени на тие објави.
„Мислам дека зголемувањето на говорот на омраза е загрижувачки, бидејќи тоа може да значи дека… маргинализираните заедници се чувствуваат непожелни или несигурни на платформата”, изјави Ден Хики, доктор на Беркли, за Euronews.
Страница за помош на мрежата “X” наведува дека корисниците „не смеат директно да нападнат други луѓе на основа на раса, етничка припадност, национално потекло, сексуална ориентација, пол, родов идентитет, верска припадност, возраст, инвалидитет или сериозна болест” на платформата.
Најновиот извештај за транспарентност на платформата открива дека суспендирале повеќе од 2.000 сметки и отстраниле нешто помалку од пет милиони објави на омраза од повеќе од 66 милиони пријави за омраза од корисници помеѓу јануари и јуни 2024 година.
Компанијата исто така ги класифицира говорот на омраза во својата категорија „злоупотреби и вознемирувања”.
Од 82 милиони пријави кои ги примиле, “X” суспендирал милион сметки и отстранил или означил 2,6 милиони објави, се утврдува во извештајот.