Граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница попладнево е затворен за премин на туристите, заради пожарот кој избувна во близина на казиното Фламинго, информираат од Авто – мото сојуз на Македонија.
Границата е затворена и од двете страни веќе неколку часа, се додека траат операциите на пожарникарите за отстранување на опасноста.
Сообраќајот награничниот премин Богородица е во прекин и истиот се пренасочува на г.п Дојран.
Пожарот поради ветрот се движеше кон границата со Грција, поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.
Според последните информации, огнот во делот во близина на ГП „Богородица“ е изгаснат.