![7731652](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/7731652.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Уставниот суд на Босна и Херцеговина следната седмица ќе одлучува по жалбите на граѓаните дека тамошните власти ги прекршиле нивните граѓански права со воведувањето на забраната за движење поради епидемијата на коронавирусот, најави во вторникот споменатиот суд.
Федерацијата на БиХ воведе забрана за движење на лицата постари од 65 и помлади од 18 години во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот.
Претседателот Уставниот суд на БиХ, Златко Кнежевиќ, во вторникот потврди дека судот за жалбите од граѓаните поради споменатата мерка ќе одлучува на 22-ри април. Изјави дека разбира ограничувања, под услов мерките да се втемелени на препорака од медицинската струка и да имаат временско траење.
„Извесен временски период мора да биде наведен. Граѓаните мора да знаат во кој период нивните права се ограничени“, изјави Кнежевиќ за Балканската истражувачка мрежа.
Поради сложеното устројство на БиХ, властите во двата ентитета Република Српска и Федерацијата БиХ, воведоа сосема различни мерки против ширењето на коронавирусот. Во двата ентитета важи забраната за движење по 20 часот, но во Федерацијата БиХ е потполно забрани движење на повозрасните од 65 и помладите од 18 години.
Различните мерки се носат и во поедини жупании, па така две во Герцеговина забрануваат напуштање на престојувалиштата, имајќи предвид дека оваа област по регионот на Бања Лука е најпогодена од коронавирусот.