
Револтираните граѓани се собраа пред Општината, пред нив зборуваше Блерим Ахмети, односно организаторот на протестот, кој побара оставка од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и Владата, јави Порталб.мк.
Демонстрантите поставија транспарент пред општинската зграда.
По неговиот говор, некои граѓани фрлаа со јајца кон општинската зграда.
Граѓаните маршираа и кон седиштето на ДУИ.
Пред Тетовската болница, граѓаните застанаа и со една минута молчење оддадоа почит на жртвите од Тетово.