Граѓаните кои ќе излезат од државата, ќе мора да потпишат изјава дека три месеци нема да се вратат назад

Секој граѓанин кој ќе реши да излезе од државата, ќе мора да потпише изјава дека три месеци нема да може да се врати назад. Ова е заклучок донесен на денешната владина седница што го соопшти премиерот Оливер Спасовски.

Тој апелираше до граѓаните во овој момент да ги одложат патувањата и да не му пркосат на вирусот.

– Државата има капацитети, имаме планови за оваа ситуација. Мора да има разбирање од сите граѓани и мора да се знае дека тоа што се дава како мерка, мора да се почитува. Ова не е состојба во која некој ќе може да избира, истакна Спасовски.