Граѓаните може само „да се сликаат“ – Лични карти не можат да подигнат повеќе од 30.000 жител

Граѓаните кои имаат потреба за нова , или замена на личната карта, слободно можат да се јават во МВР, каде ќе добијат термин за сликање, но кога ќе ја добијат новата лична карта, не се знае, и никој не може да прогнозира, пишува Фактор.

Утеха е што откако ќе се сликаат, од МВР добиваат потврда со која можат да ги вршат сите работи во институциите, на пример: плаќање или било какви други трансакции во банка, на нотар, адвокат, но и секаде каде што им е потребен овој документ.

Од МВР нагласуваат дека тие не се виновни воопшто за овој застој, бидејќи, и покрај тоа што кај нив се исполнети сите услови и нема никакви пречки, не смеат да ги издаваат новите лични карти се додека во Собранието не се изгласа Законот за лични карти, кој сега е блокиран со амандмани од опозицијата.

Со новиот Закон е предвидено во личните карти да стои новото уставно име на земјава, но и личните карти да бидат двојазични. Така е прилагоден и новиот софтвер на МВР, но тие не смее да се издаваат се додека не се изгласа Законот.

Од МВР нагласуваат дека лични карти не можат да подигнат над 30.000 граѓани.

ПОВЕЌЕ на следниот ЛИНК