Граѓаните на Косово од денеска ќе патуваат без визи во земјите на ЕУ

Безвизниот режим за граѓаните на Косово стапи во сила денеска, што значи дека тие ќе може да патуваат во земјите од ЕУ без издавање виза, и тоа за период на престој до три месеци.

Новиот режим беше активиран на полноќ, со што Косово стана последната од шесте земји од Западен Балкан на кои им беше одобрено укинување на визите за ЕУ.

Реформата во Приштина ја доживуваат како уште еден чекор кон целосно признавање и поттик за амбицијата на земјата, која прогласи независност во 2008 година, да влезе во ЕУ, забележува „Гласот на Америка“.

Според ЕК, Косово до 2018 година ги исполнило сите неопходни критериуми за безвизно патување, вклучително управување со границите и миграцијата.

Пред ЕУ да го укине визниот режим со Косово, носителите на неговите пасоши можеа без виза да патуваат само во 14 земји низ светот.