Граѓаните не сакаат избори во јуни, 51,6 отсто од гласачите сакаат избори во октомври

Подобрувањето на состојбата во епидемијата со коронавирусот го отвори актуелното политичко прашање дали е можно изборите да се одржат во јуни или јули, или пак е подобро да се чека редовниот термин за парламентарни избори во октомври.

Најновата анкета на МКД.мк покажува дека мнозинството гласачи сакаат  избори во октомври.

Двојно повеќе од анкетираните граѓани сметаат дека претстојните парламентарни избори треба да се одржат наесен (51,6%), отколку во текот на летото (21,6%).