Граѓаните против новите ковид-мерки – Врати ми ја слободата, ќе ти го срушам режимот!

Огромен број граѓани излегоа на протест против новите ковид мерки на Владата со кои на дел од граѓаните им се ограничува слободата на движење.

Почнувајќи од пред Собранието на Република Македонија, па низ скопските улици кон Владата, граѓаните го искажуваат својот револт за тоа што на лицата кои не се вакцинирани не им се дозволува влез и присуство дури и во одредени објекти на отворено.

Учесниците, меѓу кои беа и сопственици и менаџери на угостителски објекти, како и граѓани кои се со став дека со новите мерки се врши дискриминација носеа транспаренти со вакви пораки:  „Мое тело – божја сопственост“, „Моето тело е мој избор“, „Заштити ја планетата, отстранија ја елитата“, „Стоп за присилна вакцинација“, „Врати ми ја слободата, ќе ти го срушам режимот“.