Граѓаните се најнесреќни и најсиромашни во Европа, а пиунот Ковачевски набавува златни чинии, лажици и кристални чаши, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Колку е однароден заевизмот покажува одлуката за набавка на златни чинии и лажици за пиунот Ковачевски. Ковачевски доаѓањето на позиција премиер го почнува со нови позлатени чинии кои вредат 88 евра парче, лажици од10 евра по парче, кристални чаши и што ли уште не во вкупна вредност од 37 илјади евра, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во време кога просечниот граѓанин нема пари да ја помине зимата заради високите цени во маркетите, поскапената струја за 15%, поскапеното парно за 14%, заевизмот во ново руво арчи безмилосно народни пари. На Заев Втори викан Ковачевски му дошло да набавува луксузен порцелан и прибор во време кога имаме економска криза, илјадници затворени компании, рекордно најмалку странски инвестиции во регионот, инфлаторна спирала, јавно здравство на колена, земјоделство во очај, корупција до плафон, велат од таму.

Од партијата додаваат дека затоа граѓаните се најсиромашни и најнесреќни во Европа, а елитата на заевизмот јаде со златни лажици. Мора да се стави крај на оваа забеганост на заевизмот, а тоа единствено е можно на предвремени парламентарни избори.