Граѓаните со нов повик за бојкот на маркетите в петок

Граѓани на социјалните мрежи повторно повикуваат на бојкот на маркетите во петок. Мотото е „Црн петок за маркетите“.

Бојкот имаше и минатиот петок, а според податоците на Управата за јавни приходи(УЈП), прометот на маркетите бил преполовен, а во саботата, ден по бојкотот бил зголемен за 11 отсто споредбено со претходната сабота. Граѓаните сметаат дека цените на храната се високи. .