Власта преку граѓанската обврзница ги зема парите на граѓаните од банките и стопанството и ќе троши на тендери и матни зделки. Гранската обврзница ќе значи пари за бизнисите на првиот вицепремиер Артан Груби од ДУИ и неговиот премиер Димитар Ковачевски од СДСМ, предупредуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Со самиот факт што граѓанската обврзница ќе има поголема камата од каматата која ја даваат банките, таа ќе стимулира повлекување на средствата на граѓаните кои лежат како депозити во банките и ќе го намали со тоа фондот на пари достапен на банките за кредитирање на граѓаните и стопанстовото“, се појаснува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија посочува дека „лага“ е тезата дека средствата ќе бидат наменети за развојни проекти.
„Ако средствата од граѓанската обврзница беа за развојни проекти, тогаш обврзницата ќе беше развојна или проектна. Вака како што е остава простор парите да се трошат на матни тендери и договори во 4 очи, кои немаат ни ‘Р’ од развој“, се додава.
Посочуваат дека граѓанската обрвзница е во износ од 50 милиони евра, што е 20 отсто од годишната депозитна база на банките и потсетуваат дека се зема на период од две години, и со тоа „паѓаат во вода сите тези дека сакаат да обезбедат долгорочна одржливост.“
„СДС е елементарна непогода за јавните финансии и финансиската стабилност“, заклучуваато од ВМРО-ДПМНЕ