Ограбен Вестерн Унуион на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје.
Двајца маскирани, од кои едниот вооружен со пиштол влегле во филијалата и му се заканиле на вработениот кој им го дал клучот од сефот.
Од таму, двајцата маскирани разбојници украле 33.500 денари, 10.600 евра и 1.550 американски долари, по што избегале.