Грабеж во Свети Николе, одземени 27.000 денари. Вчера вечер, во Свети Николе, околу 21:10 часот е ограбена продавницата „Астра“ ДООЕЛ.
Во продавницата влегле две непознати лица и со закана со нож извршиле разбојништво врз вработените, при што им одзеле 27.000 денари од дневниот промет.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.