
Непознато маскирано лице синоќа извршило грабеж во спортска обложувалница „Златна копачка“ во Скопје.
Министерството за внатрешни работи информираше дека синоќа во 20.15 часот во Скопје на булевар Партизански Одреди, поточно во спортска обложувалница „Златна Копачка“, непознато маскирано лице со закана со пиштол од вработениот одзело поголема сума пари и истото избегало од местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.