За долг од 1 денар кон БЕГ, пензионер од Скопје, Крсте Серафимов, добил Налог за извршување на наплата во износ од 12.439 денари!
Станува збор за 1 денар, зостанат долг од 2016 година, заради што БЕГ го дале на извршителот Моника Муча, која што пак активирала налогот за наплата, преку кој му е определена забрана за 1/3 од пензијата и активиран налогот за исплата на 12.439 денари.
Откако оваа информација на Фејсбук ја објави синот на Серафимов, во јавноста се јавија бројни рекции со кои се осудува постапката на БЕГ и на извршителката. Ова не е прв случај да се блокира сметка на граѓани за банални причини и за долг од неколку денари.
Од здружението „Стоп за извршители“ посочуваат дека причината за зголемување на блокирани сметки е во тоа што се очекува новиот закон за извршување со кој меѓу другото предвидено е да се корегира и тарифата за награда и надоместок на извршителите, па затоа сега извршителиоте брзале со наплатата.
Ова се давачките за наплата на побарувањето од 1 денар долг:
-277,00 денари на име администрирање,
-4.182 денари на име извршни дејства,
-400.00 денари на име награда(за извршителот).
-875,00 денари на име ДДВ,
-240,00 денари на име материјални трошоци, и
-износ од 1.534 денари на име адвокатски трошоци за застапување на доверител по АТ.
-камата во износ од 722,00 денари на процесни трошоци пресметана од денот на извршување до денот на наплата на долгот.
Вкупно за наплата по сите основи, пензионерот треба да плати 12.439 денари за 1 денар долг кон БЕГ…