![kVck9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWlRZN01EQV8vZjQ2MjI1N2MzNGZkMDhmNTA2ZDBlN2JkYjNhNmNhY2QuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/kVck9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWlRZN01EQV8vZjQ2MjI1N2MzNGZkMDhmNTA2ZDBlN2JkYjNhNmNhY2QuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB.jpg?resize=640%2C403&ssl=1)
Индијската полиција денеска уапсила 14 лица осомничени дека киднапирале, силувале и запалиле тинејџерка од селото Чатра во државата Џарханд, на исток од Индија.
Судијата Џитендера Синг изјави дека обвинетите го киднапирале девојчето за време на свадбената церемонија на која присуствувала во селото. Потоа деввојчето било силувано, па ослободено. Родителите на малолетничката ги пријавиле силувачите, по што тие за одмазда ги претепале, па живо го запалиле девојчето.
Во тек е потрага по главните осомничени.
Во 2012 година беа регистрирани серија сексуални напади во Индија по кои Властите донесоа нови закони со кои се зголеми казната за силување до 20 години затвор.
Како одговор на критиките од јавноста поради неодамнешните силувања и убиства на девојчиња и други напади, минатиот месец властите во Индија ја одобрија смртната казна за лица обвинети за силување на деца на возраст под 12 години.