
Грабнато 15-годишно девојче. Синоќа околу 01.15 часот во полициската станица од Валандово, С.А.(35) од село Калково, пријавил дека околу 01.00 часот во село Калково од страна на непознати лица од била грабната неговата петнаесетгодишна ќерка.
Грабнувачите со автомобил „Фолксваген Пасат“, црвена боја се упатиле во правец на Неготино, а потоа кон Радовиш.
Од преземените мерки било дознаено било дека се работи за лицата: Е.М.(21), Ѓ.Д.(25) и М.А.(17), сите од село Градашорци. Од страна на полициски службеници од полициската станица во Радовиш грабнувачите се лишени од слобода за понатамошна постапка.