Град Скопје: Дојдете на плоштад „Македонија“ да одбројуваме заедно со Дино Мерлин

Балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин вечерва ќе ги забавува жителите на Скопје, но и сите гости од земјата и од регионот кои Новата 2020 година ќе ја дочекаат на плоштадот „Македонија“.

Градот Скопје соопшти дека заедно со Дино Мерлин за сите посетители на Новогодишната ноќ ќе понуди спектакуларно и уникатно шоу вредно за паметење.

„Градот Скопје Ве поканува на големиот пречек на Новата година во срцето на Скопје. Забавата, утревечер ќе ја отворат музичките групи „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“ почнувајќи од 20:30 часот, а одбројувањето до Новата година ќе го направиме со спектакуларното музичко шоу на регионалната ѕвезда, Дино Мерлин. Дојдете да се забавуваме и заеднички, во добро расположение да и посакаме добредојде на Новата 2020 година“, се наведува во соопштението од кабинетот на Петре Шилегов.